Почитувани деветтоодделенци,
од 14.6.2021 г. (понеделник започнува уписот за во прва година.
Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија треба да се запишат 286 ученика во 10 паралелки.
Прво пријавување и запишување:
14 Јуни 2021 г. (понеделник) во период од 12:00 часот до 19:00 часот;
15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и
17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.
ЗАПИШУВАЊЕТО ЌЕ СЕ ВРШИ ВО УЧИЛИШНИТЕ ПРОСТОРИИ ОД КАДЕ ЌЕ ПОДИГНЕТЕ ПРИЈАВА КОЈА Е БЕСПЛАТНА, А ЌЕ ЈА ПОПОЛНИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО. ДОКОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ НА РАСПОЛАГАЊЕ ВИ СТОЈАТ НАСТАВНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТЕТО.
НАПОМНУВАМЕ ДЕКА НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ БРЗАТЕ ЗАТОА ШТО ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ИМАТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
- пријава за запишување (пријавата ученикот бесплатно ја зема од СОУ „Јосиф Јосифовски“ при самото поднесување на документите);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје; - извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);
- потврда за вакциналниот статус на ученикот издадена од службата за вакцинација.
Второ пријавување и запишување
23 И 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и
25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.
Трето пријавување и запишување
30 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот.