20/04/2016

22 ученици на обука во Словенија во рамки на проектот – Коњичка индустрија и туризам

Во рамки на проектот „Коњичка индустрија и туризам“ 22 ученици од  хотелско-туристичката струка, образовен профил хотелско туристички техничар, придружени со своите ментори, од СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија заминаа  за Словенија на двонеделна практична обука.

Обуката е дел од проектот, кој се реализира преку програмата Еразмус +  на Националната агенција за европски програми и мобилност и мобилност. Практичната обука ќе се одржи во Биотехничката школа „Грм“ во Ново Место , Словенија со богата агенда  на активности. Пред заминувањето во Словенија во училиштето се одржа подготвителна средба и културолошка презентација  од страна на директорот на училиштето г. Борче Нечевски.

“Преку мобилноста во словенското училиште, македонските ученици ќе се стекнат со вештини и способности кои нудат интегриран пристап во развојот на агрикултурата, туризмот, коњичката индустрија која е во тесна врска со агрикултурата и туризмот, вклучувајчи рекреација и спорт. Имено, тоа че го прошири и нивиот хоризонт на размислување во дефинирање на туристички производи на генерален план во зависност од таргет групата на туристичкиот производ.

Претходниот проект за органски кетеринг  на валоризационата комисија беше прогласен за најдобар од Националана агенција за европски програми и мобилност, што е и мотивација  за контиуитет на успехот од  резултатите на размената на практични искуства . Стекнатите знаења од мобилноста  се надовр од теоретските лекции , уникатна можностда се увиди тајната на агротуристичката понуда во реални услови.“- изјави директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, г. Борче Нечевски.