20/04/2016

Успех на литературен конкурс „Творам за Македонија“

На овогодинешниот литературен конкурс „Творам за Македонија“ на тема „Мојата иднина, ја создавам јас“ ученичката Марија Бојкова под менторство на професорката Бисерка Гунова беше меѓу првите пет наградени ученици. Литературниот конкурс го организира фондацијата „Никола Кљусев“ со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Проектот Творам за Македонија има за цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците од основните и средните училишта во Македонија. Преку овој конкурс, учениците имаат можност да ги изразат своите искрени чувства на идентитет и љубов кон својот јазик.