20/04/2016

СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија на кулинарска манифестација во Хрватска

Од 7 до 10 април 2016 година во живописниот Супетар, на хрватскиот остров Брач, се одржува  11-та по ред меѓународна кулинарска манифестација “Бисер на морето”.

Станува збор за неколкудневно натпреварување во подготовка на кулинарски специјалитети кои ги подготвуваат  професионални готвачи, како и ученици на средните угостителски училишта од Италија, Србија, Полска, Босна, Црна Гора, Турција, Австрија, Словенија и Македонија. Традиционално, на оваа манифестација и оваа година отпатуваат учениците од угостителско туристичката струка при СОУ “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија.

Екипата составена од учениците Кристијан Атанасовски, Ристе Малевски и Маја Петрова ја предводат менторот Катиќ Владо од хотелот “Фламинго” и директорот на училиштето Борче Нечовски. Младите готвачи од Гевгелија ќе се натпреваруваат во подготвување на  национално јадење(предјадење, главно јадење и десерт).

Организаторот на “Бисерот на морето” здружението СКМЕР изјави дека голем интерес владее за специјалитетите од нашето поднебје, за што зборува и фактот што и добиените награди за нашите ученици од претходните натпревари.