20/04/2016

Мими Филова освои златен медал на математичката олимпијада

На 06.06.2015 година, во просториите на Машинскиот факултет, Скопје, се одржа 19-тата Јуниорска македонска математичка олимпијада. Ученичката Мими Филова од I година во СОУ Јосиф Јосифовски освои златен медал и ќе учествува, во состав на македонскиот тим, на ЈУНИОРСКАТА БАЛКАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА, од 24.06.2015 година во Белград.