20/04/2016

Културолошка презентација за проектот„Молекуларна гастрономија“

Во рамки на проектот : „Moлекуларна гастрономија“ на 1.10.2015 год. се одржа подготвителна средба и кулуролошка презентација со родителите и учениците кои се дел од проектот.

Како современ стил на готвење, кој што се користи од страна на научници и од стручњаци за храна во многу професионални кујни и лаборатории, учениците ќе се стекнат со вештини за истражување, применување на физичките и хемиските трансформации на состојките коишто се случуваат за време на готвењето.

Целите на проектот ќе бидат експериментирање со постоечките рецепти, како и измислување на нови рецети, а преку тоа и користење на молекуларната гастрономија за народот да го сфати придонесот на науката во општеството. Учениците ќе развијат вештини за усовршување на социјалните, уметничките и техничките делови на кулинарските и гастрономските појави во целина – рече директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, г. Борче Нечевски на одржаната презентација на проектот.