20/04/2016

Кошаркарките од СОУ „Јосиф Јосифовски“ на државно првенство

Женската кошаркарска екипа од Средниот општински училишен центар “Јосиф Јосифовски” вчера учествуваше на региналното првенство за кошарка за средните училишта, кое се одржа во Велес.

Како што не информираше претседателот на Сојузот на училишниот спорт од Гевгелија Петар Николов, во финалниот натпревар младите кошаркарки од Гевгелија ја победија екипата на Средното музичко училиште од Штип и со тоа се стекнаа со право да учествуваат на државното првенство во кошарка за средните училишта кое ќе се одржи во Скопје.