На 24.11.2026 година (вторник), во Валандово, се одржа зонскиот турнир во ракомет за машки средношколци, во рамки на Зона Гевгелија – Јужен регион, во организација на Училишниот спорт за средни училишта.
На турнирот учество зедоа екипите на: – СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово – СОУ „Богданци“ – Богданци – СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.
Со заслужена победа и одлична игра, првото место го освои екипата на СОУ „Богданци“ – Богданци, која воедно обезбеди пласман на регионалниот турнир.