14/04/2025 toni

За права се расправа – Училишна работилница со средношколската заедница

На 14.04.2025 година, во нашето училиште се одржа предавање и интерактивна работилница на тема „За права се расправа“, наменета за сите претставници на средношколската заедница. Под менторство на училишниот педагог, учениците дискутираа за ученичките права и обврски, значењето на дијалогот, почитувањето и важноста на конструктивната комуникација во ученичкото организирање. Работилницата поттикна размислување, размена на идеи и вклученост на учениците во процесите на одлучување во училиштето. Градиме училишна заедница каде гласот на секој ученик се слуша.