На 7 мај 2026 година, во Едукативниот центар М во Кавадарци, се одржа финалето на престижниот национален натпревар за средни училишта од Република Северна Македонија – „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026″.
Со огромна гордост и задоволство соопштуваме дека тимот Pepper Waste од нашето училиште, СОУ „Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, го освои ВТОРОТО МЕСТО на овој престижен натпревар!
Тимот го сочинуваа нашите талентирани ученици:
- Јован Оџков
- Марија Мачукова
- Виолета Руменовска
- Трајче Панев
Со иновативен пристап, силна тимска работа и вистинска посветеност кон идеите за одржлива иднина, овие млади умови покажаа дека Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски” достојно се мерат со најдобрите во државата. Учениците работеа под менторство на професорките Јасмина Мицева и Софија Тошева Раманчева.



