На Државниот рецитаторски натпревар кој се одржа на 16.5.2026г.во Скопје, учениците Костадин Узунов, Јован Грозданов и Елена Анчева од СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија постигнаа солидни резултати.Учениците во конкуренција од 26 рецитатори ја покажаа љубовта кон поезијата и смислата за постоењето на мајчиниот јазик.
Костадин Узунов под менторство на професорката Бисерка Макревска го освои второто место, а Јован Грозданов под менторство на професорот Тони Аврамов и Елена Анчева под менторство на професорката Жаклина Атанасова се закитија со благодарници за успешно учество на натпреварот.