17/05/2026 toni

Втора награда за Мила и Мелита

На 16.5.2026 г. во просториите на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, се одржа Државниот натпревар по класични јазици на којшто се натпреваруваа 73 ученици од 15 училишта од државата.

Ученичките од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Мила Петрова и Мелита Бурмузоска се натпреваруваа во категорија-здравствена струка, под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ и постигнаа одлични резултати. И двете се закитија со втора награда. Одиме уште посилно на меѓународниот ELEX! Per aspera ad astra!