13/03/2022 toni

Втора акредитација за проекти од програмата на ЕРАЗМУС

СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија се стекна со втората акредитација за стручно образование и обука од страна на Националната агенција за европски програми и мобилност за клучна акција 1 од програмата „Еразмус +“ за временскиот период од 2021г. до 2027 година.
Доделувањето на акредитацијата за проектите од програмата „Еразмус +“ е потврда дека СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија како апликант имаше соодветни и ефективни процеси и мерки за спроведување на висококвалитетни мобилности и успешни проекти. Како унифицирано признание на европско ниво, учениците и наставниот кадар од секторот угостителство и туризам, економија, право и трговија и од оваа година и секторот машинство ќе реализираат мобилности со цел да ги прошират своите знаења и вештини преку практична обука кај етаблирани партнер-организациии. Учениците и наставниот кадар ќе се стекнат со европско искуство и ќе ги зголемат своите професионални компетенции за пазарот на трудот.
Училиштето се стекна со првата Повелба за стручно образование и обука во 2017 год. после висококвалитетните организирани мобилности и успешно реализирани проекти: „Органски кетеринг –подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угосителството” (Италија,2014год.), „Молекуларна гастрономија“ (Словенија,2015год.), „Воведување во е-бизнис“ (Ирска, 2016год.) .
Во рамки на првата Повелба за стручно образование и обука за временскиот период од 2017год. до 2020 год. се реализираа проектите : „Дигитален маркетинг и готварство“ (Ирска, Грција, 2018год.), „Стартап бизнис за млади претприемачи и обука за туризам и угостителство“ (Ирска, Шпанија, 2019год.) и „Проектен менаџмент и обука за угостителство и готварство“ (2021 год.)