31/05/2024 toni

Втор интерактивен Комунити карван

Во Гевгелија се одржа вториот интерактивен „Комунити“ карван чија главна цел е да се промовира електронската платформа за поврзување на заедницата.
Овој интерактивен настан имаше за цел да поттикне одржливи системи во заедницата кои ги охрабруваат активното граѓанство и соработката за развој и благосостојба. Слушнавме од младите иновативни локални решенија за подобра иднина. 🌍✨
Младински презентации:
🎉 Забавна соба/ FUN ROOM – место за рекреација и развој за младите, презентирана од учениците од економската и машинската струка при СОУ Јосиф Јосифовски.
🎙️ Студио за поткаст – иницијатива на новинарскиот клуб Јоска при СОУ Јосиф Јосифовски.
📚 Мултифункционална, инклузивна, мобилна училница – иницијатива на Гевгелија Точак Клуб.
🤝 За наша хумана Гевгелија – Црвен Крст Гевгелија ги истакнаа нивните хуманитарни, едукативни и превентивни програми за хумана Гевгелија и можностите за младинско вклучување.
🎳 Гевгелија STRIKE SPOT – центар за социјални игри, со Еscape Room и куглана, мултифункционално катче за млади од учениците од ООУ Владо Кантарџиев Гевгелија.
🌱 Регионален Центар за оддржлив развој – ги презентираа своите активности и соработки со младите.
👗 Учениците од ООУ Ристо Шуклев Негорци презентираа неверојатна модна ревија со рачно изработени креации. Оваа модна ревија има интересна филантропска приказна. Учениците создаваа ракотворби кои ги продаваа на добротворни саеми, како дел од „Run Together“ – првата инклузивна трка во Гевгелија организирана од Фондација Ице Бегов и Атлетскиот клуб 7ми Ноември. Средствата собрани од овие настани ги искористија за набавка на материјали за нови уметнички дела, кои исто така беа продавани на новогодишен базар, па со тие средства повторно купија бои со кои ги насликаа овие своите фустани.
Младинските идеи се поставени на платформата Комунити, платформа која го подобрува граѓанското учество преку подобра комуникација и соработка.