14/02/2020 toni

Успех за Ана и Нела на Регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика што се одржа на 8 февруари 2020 година, во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци ученичката Ана Папалазова ја освои третата награда (односно прво место во групата А-гимназиски паралелки), а ученичката Нела Николова освои пофалница.

На натпреварот учествуваа најдобро пласираните ученици од претходно одржаните општински натпревари од општините: Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Валандово. Учениците се натпреваруваа во категории од прва до четврта година, во решавање задачи од група – А (за гимназиски паралелки) и група – Б (за стручни паралелки)

Од СОУ„Јосиф Јосифовски“ се натпреваруваа вкупно 5 ученика од прва и втора година. Од прва година учествуваа учениците Антониј Стојменов и Драгана Петкова, под менторство на професор Зоран Филов и ученичката Златка Петрова под менторство на професорката Јасмина Папалазова. Од втора година се натпреваруваа ученичките Ана Папалазова под менторство на професорката Јасмина Папалазова и Нела Николова под менторство на професорката Драгица Петкова.

Според постигнатите резултати ученичките Ана Папалазова  и Нела Николова ќе  учествуваат на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 14 март 2020 година.