16/11/2025 toni

Успех на учениците и наставниците на 58 Детски Рацинови средби 2025

На 14 ноември 2025 г. во Велес се одржа традиционалната манифестација „Детски Рацинови средби“.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваше со повеќе ученици натпреварувајќи се во повеќе категории.

Ученичката Елиза Ќорнакова, под менторство на професорката Жаклина Атанасова, учествуваше во финалето на ораторскиот натпревар, остварувајќи забележителни резултати.

Ученикот Костадин Узунов, под менторство на професорката Бисерка Макревска, на рецитаторскиот натпревар го освои второто место.

Ученикот Јован Грозданов, под менторство на професорот Тони Аврамов, на рецитаторскиот натпревар го освои третото место.

Во категоријата Најдобра литературна творба за средно образование специјална награда за посебно поетско остварување доби Костадин Узунов под менторство на професорката Бисерка Макревска.

Професорот Тони Аврамов даде свој придоенес во реализација на филмот на учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково под менторство на наставничката Елена Манолева. Овој филм беше награден со наградата Најкреативен мултимедијален проект на 58 Детски Рацинови средби.