На 27 јуни 2025 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија ќе се одржи промотивна вечер со наслов „Учиме филмски“, организирана во рамки на проектот CLOSE – Инклузивни образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм, финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Проектот се спроведува во 6 партнер организации од 4 земји. Координаторите на проектот се од Италија, а други европски земји вклучени се Франција и Кипар. Преку проектот, партнерите заеднички работат на развој на иновативен пристап кон филмската едукација и социјално-емоционалното учење.
Во рамки на настанот ќе бидат прикажани три кратки филмови создадени од ученици во текот на CinemaLab работилниците. Исто така, присутните ќе имаат можност да се запознаат со едукативните ресурси од проектот – Kinokit и Е-книга, достапни и на англиски и македонски јазик.
🎬 Панел-дискусија со експерти:
- Марија Џиџева – филмски режисер;
- Даниела Станковска Плачковска, магистер по културолошки науки;
- Проф. д-р Јани Бојаџи, режисер, сценарист и продуцент и
- Сребра Ѓорѓијевска, новинар.
Темите на панелот ќе се однесуваат на:
- улогата на филмот како едукативна алатка за социјално-емоционално учење, промовирање емпатија, инклузија, тимска работа и критичко размислување;
- влијанието на CinemaLab методите врз младите креативци;
- придобивки и предизвици на филмското образование во ерата на вештачката интелигенција и
- иднината на креативните професии и нови филмски формати.
Проектот CLOSE – Инклузивни образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм обединува ресурси, алатки и методи од различни европски земји, обезбедувајќи конкретни модели за користење на филмот како средство за поддршка на учениците кон развој на самосвест, емпатија и меѓусебна соработка.
Настанот е отворен за јавноста, наставници, културни работници, ученици, родители, медиуми и сите заинтересирани за современо образование и култура.
🎟️ Влезот е слободен. Потребно е регистрација за присуство на следниот <<линк>>
Линк до веб страна: https://close-erasmus.eu/ Социјални медиуми: Facebook и Instagram