27/10/2026 toni

Учење преку работа со претставник од патничка агенција

На 22.10.2026 на часовите по предметот  хотелско работење, од угостителско туристичка струка, образовен профил- хотелско-туристички техничар, трета година, присуствуваше сопственикот на патничката агенција „ПАТНИК-АЦ“  , Гевгелија-Ѓорге Марков.

Претставникот од патничката агенција – Ѓорѓе Марков, заедно со предметниот наставник – Ангела Бизоев, ја презентираа наставната содржина : Резервации преку посредник.

Со своето долгогодишно работно искуство  и тековната соработка преку часовите по учење преку работа кај работодавач, претставникот успешно им ја претстави на наставната единица на учениците.

Дополнително практично им беше  демонстрирана  техниката на работа со ваучер и алотманските договори кои се склучуваат помеѓу хотелски претпријатија и патнички агенции.

Во склоп наставната единица, се отвори кратка дискусија со учениците и преку реални примери од работата на патничката агенција на учениците им беше сликовито и детално објаснет процесот на различни видови на резервации. Исто така,учениците имаа можност да поставуваат прашања и да се запознаат подобро со елементите на ваучерот.

Сопственикот на патничката агенција на учениците им донесе примероци од различни ваучери, од најстари до најнови, со цел полесно да го разберат функционирањето на физичкиот документ кој во денешно време е заменет со електронски документ.