10/10/2024 toni

Ученици во посета на Собранието на Република Северна Македонија

Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија од економско-правна и трговска струка и гимназиско образование, на ден 10.10.2024 година, учествуваа во посета на Собранието на Република Северна Македонија, заедно со професорките Билјана Панова и Ирена Никова. Во текот на посетата, учениците ја разгледаа зградата на Собранието: Главниот влез, Длаборез, Хол на портрети, Кристална сала, Охридска сала, Спомен соба, Пленарна сала, Сала на Уставна комисија и салата Борис Трајковски. Исто така, учениците се запознаа и со надлежностите на Собранието.