Во Народниот театар во Гевгелија, на 11 ноември, беше изведена театарската претстава „Трон од пепел“, во која ученици преку сценска игра, костими и драмска интерпретација ја оживеаја приказната инспирирана од митолошкиот свет, древните богови и човечките судбини.
Во претставата учествуваа ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелиј кои преку различни ликови и сценски трансформации создаваат театарски свет исполнет со симболика, драматичност и фантазија. На сцената се испреплетуваат мотивите на моќта, владеењето, судирот, изборот и последиците од човечките постапки.
Сценариото е на Јован Грозданов, а режијата на Мирјана Чамџиќ. Во претставата учествуваат Петар Стојанов, Викторија Тодорова, Димитар Стојчевски, Матеа Костадинова, Елена Анчева, Марија Картова, Ева Дојчинова, Дарко Андонов, Никола Јанковски, Магдалена Петкова, Костадин Узунов, Јулија Томова, Тијана Гоцкова и Јован Грозданов. Техничката поддршка е на Тони Аврамов.
Со ваквите театарски проекти, младите добиваат можност да ја покажат својата креативност, актерскиот потенцијал и способноста за тимска работа, а театарската сцена станува простор на кој ученичката енергија, идеите и уметничкиот израз добиваат своја форма.





















