Во организација на Кино сојуз на Македонија и народна техника на Македонија на 16 октомври 2026 година, во Босилово се одржа 55 Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ.
Во официјалната проекција на најуспешни филмови од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беа прикажани филмовите: „Прекрати го циклусот“ во авторство на ученичката Викторија Тодорова, „Трага од насмевки“ во авторство на Тони Аврамов и Маја Проданова и „Шекспир нема да се лути“ во авторство на Даниела Џишева.
Филмот „Шекспир нема да се лути“ ја освои сребрената плакета, односно второто место во категоријата Краток игран филм. (Режија: Даниела Џишева Сценарио: Стефчо Стефанов Снимател: Никола Чакаров Монтажа: Тони Аврамов, Улоги: Костадин Узунов, Јована Дупарова, Марија Илкова, Андреј Димов, Леана Јанковска, Јована Спасова, Мартина Ангелкова, Ристе Аврамчев, Анастасија Атанасова, Сара Јанишлиева, Ана Кундурџиева, Никола Јанковски, Димитар Стојчевски, Бранко Проданов, Душко Чурлинов и Јован Грозданов).
Третото место со освоена бронзена плакета во категоријата Експериментален филм му припадна на филмот „Прекрати го циклусот“ од Викторија Тодорова под менторство на професорот Тони Аврамов. Филмот го изработија: Викторија Тодорова и Тодор Тодоров.
Филмот „Трага од насмевки“ освои две награди – трето место, односно бронзена плакета во категоријата Документарен филм и трето место, односно бронзена плакета за авторски филм. (Сценарио: Тони Аврамов и Маја Проданова. Сниматели: Тони Аврамов, Андреј Димов, Леана Јанковска и Стефанија Маркова. Монтажа: Тони Аврамов.
СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија доби благодарница за значајна поддршка и реализација на 55 Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ.











