26/04/2024 toni

Трето место и трета награда за географичарите од СОУ Јосиф Јосифовски

На Државниот натпревар по географија што се одржа на Природно-математичкиот факултет, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија постигнаа одлични резултати.

Ученичката Бојана Басова од трета година, гимназиско образование, го освои третото место, под менторство на професорката Блашка Чугунска.

Ученикот Ангел Аевски од прва година, гимназиско образование, ја освои третата награда под менторство на професорката Блашка Чугунска.