На 7.3.2025 год. во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 68 – от Државен натпревар по математика за ученици од средните училишта, на кој учествуваа вкупно 158 ученици од I до IV година.
На овој натпревар учествуваа и 6 ученици од СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Од нив, најдобар резултат остварија учениците Стефан Младеновски од втора година (под менторство на професорката Јасмина Папалазова) и Калина Лазарова од прва година (под менторство на професорот Зоран Филов) кои освоија трета награда. Стефан, кој беше високо рангиран на конечната листа, доби покана да учествува на XXXII Македонска математичка олимпијада, која ќе се одржи 23.3. 2025год.
На државниот натпревар учествуваа и учениците: Илија Икономов (I година), под менторство на професорката Русица Атанасова, Теодора Сеизова (I година), Марија Јанчева (I година) и Андреј Димов (II година), под менторство на професорот Зоран Филов.
На Стефан му посакуваме успех на Македонската математичка олимпијада.



