28/03/2025 toni

Театарска претстава за промоција на безбедна училишна средина

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја изведе претставата „Крени глас, спречи насилство“ во режија на професорката Даниела Џишева.

Координатор на проектот во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е педагогот Маја Проданова, а тимот го сочинуваат: психологот Светлана Митровска, наставниците Тони Аврамов, Даниела Џишева, Софија Раманчева Тошева и Розета Картова.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.