Организаторот на Меѓународната економска олимпијада, за сите ученици од средните училишта, организираше зимски предизвик во тек на месец февруари. Натпреварот е на англиски јазик, за сите средношколци. Тој се состои од задачи и проблеми кои бараат солидна математичко-логичка основа за решавање на проблеми од економија. На натпреварот учествуваа преку 2000 ученици од 68 земји. Нашето училиште учествуваше со две екипи од по 5 ученици под менторство на професорите по економија и математика. Еден дел од натпреварот вклучуваше тимска работа на проект, и презентирање на решението. Во овој дел двете екипи постигнаа солидни резултати и достојно го претставија нашето училиште.
Во индивидуалниот дел од натпреварот, каде учениците си ги одмеруваа своите знаења во областа на економијата и финансиската писменост, ученикот Стефан Младеновски, од втора година гимназиско образование, освои сребрен медал.