На 24 септември учениците од секторот Угостителство и туризам при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија имаа можност да се запознаат со познатиот и високо наградуван на државно и светско ниво, македонски бармен од Гевгелија, Методи Перунковски. Тој се запозна со учениците и теоретски и практично им ги презентира основите на барменската професија. Учениците имаа можност практично да подготвуваат и дегустираат коктели заедно со реномираниот бармен.
Средба со барменот Методи Перунковски









