09/10/2024 toni

Средба на две македонски училишта во Солун

На 8.10.2024 год СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија заедно со СЕПУГС “Арсени Јовков” – Скопје го реализираа проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието. Средбата на двете училишта беше во Солун, Грција со едно заедничко мото “Под исто небо со заеднички вредности”. Беа реализирани низа активности со учениците од мешан состав каде унапредувањето на мултикултурализмот и потребата од меѓуетничка интеграција ја прошири оваа наша заедничка средба која е почната уште од 2017 год и се уште ќе трае.