СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија е едно од училиштата кое го доби престижниот статус „Суперучилиште“ што е значаен чекор напред во поттикнување на процесот на градење мир и помирување, меѓукултурно учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.
На настанот „Запознајте ги суперучилиштата“, беше презентирана и проектната идеја која СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе ја реализира во партнерство со средното училиште „Јабланица“ од Јабланица, Р. Босна и Херцеговина.
Програмата RYCO Superschools е клучна иницијатива за градење мир, разбирање и одржлив развој во регионот преку образованието и размената меѓу младите генерации. Програмата ја зајакнува регионалната поврзаност и го намалува етничкиот и културниот јаз меѓу младите од Западен Балкан, размената ги охрабрува учениците да бидат активни граѓани и да учествуваат во општествените процеси и учениците добиваат можност да патуваат, да стекнуваат нови пријателства и да се запознаат со различни култури.
Проектот ќе се реализира со поддршка од RYCO – Регионалната канцеларија за младинска соработка и GIZ, а овие размени ќе ја зајакнат мобилноста на младите и ќе воспостават трајни партнерства низ целиот свет.



