На завршната образовна конференција ‘ 5 years of Superschools, 10 years of RYCO’ која се одржува од 17.5 до 19.5.2026 година во Златибор, Република Србија нашето училиште ја доби престижната награда ‘Best Homestays award’.
Наградата ја прими нашата ученичка Ана Кундурџиева, која присуствуваше на Младинскиот камп, исто така организиран како завршна манифестација после успешно реализираниот 5ти циклус на размени.
Наградата е резултат на двете успешни размени меѓу СОУ Јосиф Јосифовски и Средното училиште Јабланица од Јабланица, Босна и Херцеговина, во која беа вклучени 30 ученици од двете училишта.
Размените со сместување во семејства – домаќини беше можност учениците да изградат мост на пријателства, да градат мир и толеранција за подобро запознавање на традициите, културите и обичаите.
Изразуваме голема благодарност до родителите и учениците кои беа вклучени, како и до Градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов и директорот на нашето училиште Розета Картова за поддршката.
Суперучилишта” e проект на Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO и е дел од програмата на мулти-донаторски проект, финансиран од Европската унија, Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од GIZ заедно со RYCO.




