Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (https://www.na.org.mk/) и овозможува интернационално стручно усовршување за нашите ученици од секторите:
- Економија, право и трговија
- Машинство
- Угостителство и туризам
Мобилноста се реализира во периодот од 13.04.2025 до 26.04.2025 година во Малага, Шпанија во соработка со партнерската организација Euromind (https://euromind.es/), под менторство на наставниците Јасмина Николова и Јован Самарџиев.
За време на престојот, учениците имаат уникатна можност да стекнат практично искуство преку работа во реална средина во соодветни компании, со што ќе ги унапредат своите знаења и професионални компетенции, а истовремено ќе развијат професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, конкурентност на пазарот на труд и размена на искуства и знаења.
Оваа мобилност им овозможува на нашите ученици да стекнат знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамки на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа.
Нашата цел е учениците да стекнат соодветно искуство во одредено подрачје и да развијат потребни вештини со кои се зголемува нивната подготвеност за вработување и работа, преку извршување работни задачи кај работодавач, согласно со утврдена програма.
Проектот претставува одлична можност за размена на идеи и искуства, развој на интеркултурна соработка и подготовка на учениците за пазарот на труд во една современа и европска рамка.
Горди сме што нашето училиште е дел од европското семејство на училишта што вложуваат во иднината на младите преку образование, мобилност и соработка!
Заедно креираме, создаваме, учиме и се дружиме во заедничките проекти кои успешно се реализираат.









