10/05/2025 toni

Солидни резултати на натпреварот по физика

На 26.4.2025 г. на Природно=математичкиот факултет во Скопје се одржа Државен натпревар по физика. Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците:

Калина Лазарова од прва година под менторство на професорката Магдалена Џотова и од втора година Стефан Младеновски и Васил Стоев под менторство на професорот Сашко Колев.

Учениците постигнаа солидни резултати. Калина Лазарова и Стефан Младеновски се здобија со пофалници.