19/02/2026 toni

Регионален натпревар по математика

На 14.02.2026 година се одржа Регионалниот натпревар по математика во СОУ„Богданци“ во Богданци на кој земаа учество околу 70 ученици од средните училишта од Велес, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово, а кои беа најдобри на претходно одржаните општински натпревари.

Од  СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, пласман на државниот натпревар остварија учениците: Стефан Младеновски од III година, ментор  Јасмина Папалазова, кој освои втора награда и Дони Накова од I година, ментор Сашо Папалазов, која освои трета награда.

На регионалниот натпревар учествуваа и учениците: Илија Пандев од I година, ментор Сашо Папалазов и Илија Икономов од II година, ментор Русица Атанасова.

На наградените им  го честитаме успехот и им посакуваме уште многу натпревари и награди, а пред се, успех на претстојниот Државен натпревар по математика, кој ќе се одржи на  7.3.2026 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

13/03/2022 toni

Регионален натпревар по математика

На  12 март 2022 година, СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беше домаќин на 45-от Регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта, во организација  на Сојузот на математичари на Македонија.

На натпреварот учествуваа  51 ученик од прва до четврта година, од гимназиските и стручните училишта  од општините: Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци и Гевгелија.

За организацијата на натпреварот беа задолжени: директорката Марија Танева, активот по математика, дел од останатиот наставниот кадар (кои се вклучија како тестатори) и претставникот од СММ,  Стево Ѓоргиев, асистент на Природно-математичкиот факултет во Скопје, кој како наш поранешен ученик, беше  редовен  учесник на  регионалните и државните натпревари по математика, воедно свеоевремено и ученик на генерацијата во СОУ „Јосиф Јосифовски“.