24/02/2026 toni

Регионален натпревар по германски јазик

На 24.02.2026 нашето училиште СОУ ” Јосиф Јосифовски” – Гевгелија беше домаќин на Регионалниот натпревар по германски јазик за југоисточниот регион. На натпреварот учествуваа средни и основни училишта од регионот : Струмица, Радовиш и Гевгелија. Резултатите ќе бидат објавени за 48 часа по одржувањето на натпреварот.