22/11/2026 toni

Прво место за Костадин Узунов на Карамановите поетски средби

На 53. КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ во конкуренција од 177 поетски творби, ученикот Костадин Узунов е ПРВОНАГРАДЕН со песните ” Ѕвездени падови” и ” Плат“ под менторство на професорката Бисерка Макревска.
Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш ги објавува резултатите од конкурсот за детска поезија, организиран на ниво на целата држава во рамките на 53. Караманови поетски средби.
Конкуренцијата беше исклучително силна. Во потесниот избор се најдоа повеќе квалитетни творби, а за конечниот пласман често одлучуваа нијанси. Жири-комисијата ги донесе следните одлуки:
Средно образование
Прва награда: Костадин Узунов – СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија. Ментор: Бисерка Макревска.
Втора награда: Роман Јованов – СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш.
Трета награда: Бисера Стојаноска – СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, Прилеп. Ментор: Адријана Челебитова.