30/10/2024 toni

Промоција на безбедна училишна средина

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, аплицираше и успешно беше избран со уште 11 средни училишта од државата на проектот „ Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат. Цел на проектот е : „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина“, а истиот ќе се реализира во текот на две учебни години. За таа цел, во периодот од 25-26.10.2024 година, стучната служба од нашето училиште беше дел од обуката за сите избрани училишта во овој циклус.