01/07/2026 toni

Прогласени првенците на генерацијата

Да се биде првенец на генерацијата е голема чест и признание за вложениот труд, знаење и посветеност. Ова признание е резултат на упорност, одговорност и желба за постојано учење и напредок.

Ви честитаме за овој значаен успех и ви посакуваме многу нови достигнувања, самодоверба и среќа на патот кон остварување на вашите соништа. Вие сте гордост на нашето училиште и инспирација за идните генерации.

Наградени ученици:

  • Ѓорге Новаковски – првенец на генерацијата за гимназиско образование, генерација 2022–2026
  • Јован Оџаков – првенец на генерацијата за стручно образование, генерација 2022–2026
  • Верица Марковска – признание за континуиран одличен успех и примерно поведение во текот на образованието, генерација 2022–2026