30/01/2020 Goran Manev

Проект за зајакнување на меките вештини кај учениците

Претходниот петок-сабота однoсно на 24-25.01.2020год.  во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија започна со реализација гранд проектот „Соработка  меѓу училиштата и бизнис заедницата“ – Мерка 3: Воспоставување на курсеви со решавање на проблеми за зајакнување на меките вештини кај учениците од страна на Министерството за образование и наука.

Четириесет ученици од економската струка на  24.1.2020год. имаа практична обука  во училишните простории, која продолжи на  25.1.2020 во Хотел Сириус Струмица  со цел  стекнување вештини за комуникација и презентација.

Во рамките на истиот гранд ќе се одржат уште четири еднодневни курсеви каде учениците ќе се стекнат со следните вештини: Креативно размислување и транформација на конфликти, тимска работа и лидерство. Освен учениците ќе се организираат и обуки за наставниците врз основа на следните модули: Ефикасна комуникација со влијание, Мотивирани поединци- клуч за ефикаснот,Лидерство и проактивно однесување, Тимска работа. Учениците ќе посетат шест еднодневни, а наставниците две дводневни курсеви и  еден заеднички завршен настан  за време на второто полугодие. Целта на курсевите е стекнување на меки вештини кои на учениците ќе им помогнат во понатамошното извршување на работни задачи, а наставниците ќе ги спреми за нивна примена во настава на сите следни генерации.

Обуките ги врши партнер компанијата „Енџој Мацедониа“ која  е насочена кон целосен развој на потенцијалите на индивидуалци и компаниите преку реализирање на високо професионални обуки за стекнување и унапредување на вештините на учесниците во различни сектори и во различни дејности. Обуките се насочени кон зајакнување на личниот раст и развој на секој учесник што придонесува во градење на тимови со врвни перформанси, а стекнатите искуства и вештини успешно ги пренесуваат во работната и училишната средина. Тренинзите се лесно прилагодливи и применливи во наставните програми при работа со ученици на различна возраст.