14/02/2020 toni

Предлог-книга за викенд

Библиотеката во СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија располага со 13 041 изданија. Освен лектирните и стручни изданија таа нуди богат фонд слободна литература.

Во обидот да ја приближиме повеќе книгата до читателите и до младата популација се одучивме седмично да ви понудиме избор којшто можеби би ве интересирал.

„Другиот брег на Босфор“ од Тереза Ревај

Издавач: Матица Mакедонска 

Во светлината на револицијата и во муграта на модерниот свет, нова Турција се појавува од пепелот на некогашниот отомански раскош, а една млада жена го открива здивот на независноста и слободата.
Истанбул, ноември 1918 година. Градот од сказните се наоѓа под жестока окупација од сојузниците, победници во Големата војна. На бреговите на Босфорот, меѓу Истокот и Западот, се наметнуваат болни избори.