10/02/2020 Goran Manev

Практична обука во Ирска

Во рамки на програмата  „Еразмус +“ на Националната агенција за европски програми и мобилност , СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија успешно ги реализира активностите во рамки на практичната обука на проектот „ Старт ап бизнис за млади претприемачи и обука за туризам и кетеринг“ во соработка со партнер организациите од Ирска и Шпанија. .  Проектот  опфаќа двонеделна мобилност на 20 ученика од економско – правна и трговска струка во Даблин  (Р Ирска ) и двонеделна мобилност на 25 ученика од угостителско-туристичка струка во Гран Канарија (Шпанија).

Програмата се состоеше од предавања и работилници ориентирана кон примена на методологијата на бизнис моделот Лин Канвас, предностите на дигиталниот маркетинг, предноста да се започне со старт ап бизнис и маркетинг стратегии за развој на мали и микро бизниси.

 

 

 

Целта на практичната обука во Р Ирска е учениците да се фокусираат на поттикнување на претприемничкиот дух, да научат да го применат моделот Лин Канвас како алатка за генерирање на бизнис идејата и да ја разберат улогата на технолошките аспекти при развивање на маркетинг стратегија.

Расел Бенкс и Марк Рабатхан беа главните предавачи  на практичната обука, кои со своето долгогодишно искуство во сферата на претприемништвото и е-бизнисот придонесоа учениците да го разберат концептот и значењето на бизнис моделот Лин Канвас  при развивање маркетинг стратегија и е-бизнис план, како и да научат за улогата и значењето на веб страната и социјалните медиуми при креирањето на маркетинг стратегијата и е-бизнис план.

Преку креативни работилници и интерактивни предавања, учениците поделени во три тима научија да креираат маркетинг стратегија и е-бизнис стратегија врз основа на методологијата на Лин Канвас со цел да одговорат на барањата на потрошувачите.

Другите предавачи на обуката  беа искусни претпримеачи од различни сфери на бизнисот и преку своите искуства ги објаснија предизвиците на старт ап компаниите, воспоставувањето деловни контакти во претприемништвото, ризичниот капитал, предносите  на промоцијата на производите и услугите преку дигиталните технологии.

Во рамки на програмата учениците имаа студиски посети на бизнисите Нејтив ивентс, Институтот за анимација, дизајн и технологија, селцето Хоуф.

Учениците имаа исто така уникатна можност да се запознаат со структурата, организираноста , начинот на функционирање и кариерните можности во Мајкрософт во Даблин. Преку воведувањето во Дримспејс и аугментативната реална активност , учениците научија за иновативните методи и стратегии во развојот на е-бизнис план во Мајкрософт.

Поголем дел од фотографиите за активностите од проектот се достапни на фејсбук страната на проектот: Start up business and tourism and catering достапен на следниот линк:

https://www.facebook.com/Project-Start-up-business-and-tourism-and-catering-training-110359930342391/?modal=admin_todo_tour