На ден 19.10.2026 посета на угостителската сала и кујна остварија дечињата од Приватната детска градинка “Ѕуница”. Таму се запознаа со професијата Професор по стручни предмети од Угостителската струка, а заедно со професорките и учениците учеа како се подготвуваат колачиња, кои потоа самите ги декорираа и дегустираа. Преку заедничка дружба и игра се запознаа и со работните задачи на учениците од насоката готвач/келнер.
Посета на дечиња од детската градинка Ѕуница и готвење колачиња



















