13/02/2020 toni

Поддршка на младинските иницијативи преку проектот за меѓуетничка интеграција

Меѓу десетте најдобри училишта во Републикава што ги спроведуваат проектите за меѓуетничка интеграција во образованието се најде и СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Како резултат на ова членови на СИТ – тимот од ова училиште со претставник од Општина Гевгелија беа на дводневна работилница за стекнување искуства за поддршка на училишните секции и јакнење на соработката меѓу општините и училиштата.

На работилницата десетте најдобри училишта беа наградени со 60 000 денари, средства што треба да се искористат за активности што ќе бидат реализирани преку училишните секции до крајот на оваа 2020 година.

На работилницата исто така се дефинираа и приоритетите во соработката меѓу општините и училиштата, а беше констатирано дека и бизнис заедницата треба да биде вклучена во поддршката на младинските иницијативи.

Инаку на работилницата секое училиште доби ментор кој ќе ја координира работата и реализацијата на активностите.