СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија со бројни активности го прославува својот патронен празник.
Во чест на својот патрон Јосиф Јосифовски – Свештарот беше положено свежо цвеќе на неговата биста од страна на вработените и учениците од ова училиште.
На 12.4.2025 година со почеток во 19:30 часот ќе се одржи свечена академија со поздравни говори на директорот а училиштето, Алексадар Делиџаков и директорката а ТШ „Михајло Пипин“ од Инџија Драгана Винчиќ Младеновиќ. Во рамките на славењето ќе биде изведена театарската претстава „Адска машина“ од Драмската група „Дон Кихот“, а ќе настапи и училишниот хор.