10/05/2026 toni

Освоени награди на Државниот натпревар по англиски јазик

На 9.05.2026 ( сабота) се одржа Државниот натпревар по англиски јазик на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, во организација на ЕЛТАМ. Нашите ученици постигнаа голем успех и освоија три втори награди и една трета награда.
Ученичката Калина Лазарова од втора година освои втора награда, под менторство на професорот Јован Самарџиев.
Ученикот Кире Стиков од втора година освои трета награда, под менторство на професорката Андријана Џинова.
Ученичката Стефанија Маркова од трета година освои втора награда, под менсторство на професорката Андријана Џинова.
Ученикот Јован Грозданов од трета година освои втора награда, под менторство на професорката Андријана Џинова.
Честитки за учениците и менторите за наградите, како и за вложениот труд и посветеност.