Учениците од Угостителско-туристичка струка учествуваа на меѓународниот натпревар за млади угостители “Tasty” кој се одржа на 29-ти и 30-ти септември во Струмица.
Натпреварот се состоеше од два дела. Првиот дел беа теоретски предавања во врска со гастрономијата, миксологијата, менаџерството и психологијата на гостите. После предавањата од искусните шефови, угостителско-туристички работници и професори следуваше тестирање на знаењата на учесниците, со што официјално почна натпреварувањето.
Вториот дел се состоеше од практично покажување на вештини и знаења од областа на гастрономијата и миксологијата.
Нашите ученици под менторство на професорките Марина Калкова и Ангела Бизоев постигнаа одлични резултати.
Внеси
Angela
Па ако може утре да се додадат 1-2 слики не знам колку ќе имаме









