20/05/2024 toni

Одлични резултати на младите биолози од Гевгелија

На Државиот натпревар по биологија, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија постигнаа одлични резултати.  Андреј Димов, прва година ја освои првата награда; Ѓорги Новаковски од втора година, третата награда; Верица Марковска од втора година ја освои третата награда и Филип Аџиниколов, трета година- трета награда.
Виолета Чугунцалиева од втора година освои пофалница. Ментори на учениците се: Зорица Лешевска и Лилјана Андонова.