27/04/2024 toni

Одлични резултати на Државниот натпревар по биологија

На 26 април 2024 г. во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија за четврта година. Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ги постигнаа следните резултати: Марко Линков, од IV2 клас, освои втора награда, Марија Кичукова, од IV2 клас, трета награда и Ирина Прошева, од IV3 клас, доби пофалница за успешно учество. Учениците работеа под менторство на професорката Магдалена Ангелкова.