26/04/2023 toni

Одбележување на патрониот ден на училиштето

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија оваа година го одбележува своето 70-годишно постоење. Настаните и активностите што се организираат се во знакот на овој јубилеј.

Во наредните денови ќе се одржат низа свечености организирани од наставниот кадар и учениците.

Веќе извесен период дел од наставниците го организираат квизот „Кој знае знае, кој не ќе научи“. Квизот своето финале ќе го има на 27 април во 19.00 часот во Угостителската сала на училиштето. Веднаш по квизот ќе се одржи и Свечената академија на која ќе учествуваат ученици со рецитации и музички точки подготвени од наставниците по македонски јазик и литература и музичка уметност.

На 28.4.2023 година во 10.00 ч. ќе се положи свежо цвеќе на бистата на патронот Јосиф Јосифовски, но и на бистата на Ристо Поп-Ристов.