29/09/2023 toni

Одбележан Светскиот ден на срцето

♡ Светскиот ден на срцето има за цел да ја подигне свесноста за постоењето на состојбите кои му штетат на вашето срце.
♥ Срцевата слабост е најголемата причина за смртност и причина за зголемени хоспитализации на светско ниво.
♡ Она што загрижува е фактот дека секоја година се намалува старосната граница на оние кои страдаат од срцева слабост.
♥ Во овие нестабилни времиња, многу е важно да не подлегнувате на стресни ситуации, да се обидете да останете смирени додека се соочувате со ситуации кои го засегаат вашиот приватен или професионален живот.
♡ Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност на целата планета, а истите се најчесто предизвикани од пушење, дијабетес, висок крвен притсок , дебелина, загадување на воздухот и тн.
Ова се неколку начини благодарение на кои ќе останете здрави подолго време
:
●Здрава исхрана
●Смирено справување со стресот
●Физичка активност
●Здрав и квалитетен сон
●Редовни контроли
●Намалена консумација на сол
●Откажување од цигари и алкохол.