31/05/2024 toni

Од 4000 ликовни творби, Нена Капсарова го освои првото место

На 29.05.2024 во просториите на TURKISH AIRLINES беа доделени наградите од ликовниот конкурс кој за првпат беше организиран од авиокомпанијата на тема „Мојот град од соништата”. Од конкуренција на отприлика 4000 ликовни творби ја имавме честа да ја понесеме првата награда на ученичката Нена Капсарова од IV-4 лично доделена од турскиот амбасадор, Ментор на ученичката е професорката Розета Картова.
Наградата е патување во Дубаи.