17/02/2020 toni

Обуките од проектот „за меки вештини“ продолжуваат

Четириесет ученици од економско-правната струка изминатиот викенд во Гевгелија и Струмица ја продолжија обуката од „Програмата за развој на меки вештини“. Реализацијата на овие обуки што паралелно се изведува и за дел од наставниот кадар од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е релаизирана од страна на партнер компанијата „Енџој Мацедониа“, а одговорни наставници од училиштето се Софија Тошева – Раманчева и Снежана Кичукова.

Програмата е насочена кон подготовка и презентација на добро структурирани и внимателно прилагодени модули, што ќе ги поддржат учесниците на сите нивоа да го пронајдат и ослободат сопствениот потенцијал за раст и развој.

Целите од овие обуки се:

  • Да се стекнат вештини и унапредат компетенциите кај поединците и да се овозможат услови за личен раст и развој на вработените;
  • Стекнатите вештини да се употребуваат во секојдневниот живот и да станат носечка сила за промени и напредок;
  • Учесниците да станат врвни извршители во работната средина со вешто маневрирање на индивидуалните ставови и емоции;
  • Обезбедувањена конструктивна и флексибилна рамка со знаења што може да се применат во сите области на човечка интеракција и личен развој;
  • Овозможување на увид во персоналната мотивација и мотивација на другите;
  • Идентификување на сопствените лидерски вештини во справување со секојдневните предизвици.

Наредната обука е за наставниот кадар, а ќе се однесува на градењето на лидерските капацитети – поттикнување индивидуална одговорност и проактивно однесување преку усвоен модел на водство и лидерство, себеоткривање на лидерските вештини и улогата на лидерот во тимските перформанси.